Рејвовите – масовните забави со електронска музика одамна не се просторно ограничени на напуштените стоваришта и гигантските клубови. Тие денеска се случуваат буквално секаде, од локациите на кои се снимале филмови, до џунгли и места со историско наследство. Летото доаѓа, па ова е згодно време за преглед на најдобрите локации за летни журки во светот, во избор на Pulse Radio:
Сетот на кој е сниман Star Wars во Тунис
Les Dunes Electroniques е фестивал кој секоја година се случува во пустина во Тунис, на местото на кое е снимана четвртата епизода од оригиналниот серијал „Star Wars“.
Пустината Блек Рок, Невада, САД
Речиси 30 години од своите почетоци во 1986, фестивалот Burning Man и натаму е меѓу најоригиналните и највпечатливите светски собири од ваков тип.
Петроварадинската тврдина, Нови Сад, Србија
Изградбата на ова импресивно здание почнала во 1692, за да заврши по цели 88 години, во 1780. И покрај нејзината богата историја, славата во кусите петнаесетина години на фестивалот EXIT во 21 век сериозно почна да ги засенува битките од минатото.
Плажата Остенд, Белгија
Секоја година, мирното гратче Остенд во Белгија се претвора од семејно туристичко одредиште, во разуздана рејв-дестинација. Фестивалот се одржува пет години по ред, а најавен е и за годинава.
Blue Venado, Плаја дел Кармен, Мексико
Можеби најпопуларната локација на фестивалот BPM, плажата со беспрекорен поглед на Карипското море освојува со својата локација и изолираност.
Тврдината Пунте Кристо, Пула, Хрватска
2000 години старата римска тврдина е дом на два големи музички настани: Dimensions и Outlook, кои се одржуваат речиси еден по друг, во август и септември.
Далт Вила, Ибица, Шпанија
Напроти сите клубови и плажи на најпознатиот светски журкаџиски остров, неговите најоригинални забави се финалињата на IMS, кои се одржуваат на врвот на тврдината Света Луција во градот Ибица.
Паркот Орсула, Дубровник, Хрватска
Прекрасна историска локација во близина на Дубровник, со поглед на Јадранското море, на која секоја година се организираат концерти и журки со светски музичари и диџеи.
Амфитеатарот Ред Рокс, Колорадо, САД
Природниот, акустички совршен амфитеатар се наоѓа во близина на Денвер, а тој постојано привлекува по 8.000 музички фанови, кои следат најразлични настани: од концерти на бендови како U2 или Grateful Dead, до журки како сега веќе легендарната со Daft Punk во 2007.
Secret Solstice, Рејкјавик, Исланд
Овој фестивал се одржува во најсеверниот главен град во Европа, во време кога сонцето практично три дена не заоѓа, во средината на летото. Спиењето не доаѓа предвид.