Логото е првиот аспект на еден бренд со кој потенцијалните потрошувачи доаѓаат во контакт. Тоа мора да го пренесе вистинското чувство до луѓето, како и вистинската порака.
Бојата многу добро се врзува за погледот на потрошувачите кон една компанија. Доминантно розово лого автоматски отсликува женственост и љубов. Зелената боја буди асоцијации на природата и животната средина. Црното е елегантно, формално и класично. Секоја боја има свое место во впечатоците на луѓето, исто како и фонтовите. Фонтовите можат да пренесат богатство од емоции до потрошувачите, но иизборот на вистинскиот фонт честопати знае да биде игра на обидување и грешки.
Сите овие работи, важни за изработката на совршеното лого, се претставени во овој инфографик: