Во петок (27 март) во 20:00 часот фотографката Лилика Стрезоска ќе одржи самостојна изложба на фотографии во концептуалниот простор „Концепт 37“.
Првата самостoјна изложба оваа талентирана млада фотографка ја наслови „5 минути“.
„Конечно дојдоа нејзините пет минути, во кои ќе ни покаже како го растегнува и собира времето низ објективот. Успева да го улови мигот пред да си замине. Низ дваесетте фотографии што ќе ги изложи на „5 минути“ ќе не прошета низ сензуалноста на актовите, кои повеќе интригираат, отколку што откриваат“,
вели во најавата за настанот, Светлана К .Симоновска.
Изложбата ќе ја отвори Ирена Мила, а низ разгледувањето на фотографиите ќе свири диџеј-сетот на Зоки Бејбе.