Групата Blur ја објави новата песна „Lonesome Street“ непосредно пред излегувањето на новиот албум „The Magic Whip“ на 27 април. Оваа песна е воведна и е третата која е официјално претставена како дел од новиот албум.
„Go Out“ беше претставена на 19 февруари, на прес конференцијата на која групата го најави нејзиното враќање, а минатата недела го објавија видеото за песната „There Are Too Many Of Us“ снимено од членовите на бендот со нивните телефони и таблети.
Во петокот (20 март), групата го претстави целиот албум пред ограничена публика во западен Лондон. Откако завршија со изведувањето на „The Magic Whip“, беа повикани да отсвират бис на песната „Trouble In The Message Centre“, од албумот „Parklife“, објавен во 1994 година.
Групата ќе настапи на фестивалот „British Summer Time“ во Лондон на 20 јуни, а најави и дека ќе настапи на овогодинешниот фестивал Benicàssim во Шпанија.
Во новиот албум The Magic Whip се песните:
- „Lonesome Street„
- „New World Towers“
- „Go Out“
- „Ice Cream Man“
- „Thought I Was A Spaceman“
- „I Broadcast“
- „My Terracotta Heart“
- „There Are Too Many Of Us“
- „Ghost Ship“
- „Pyongyang“
- „Ong Ong“
- „Mirrorball“