Националниот младински совет на Македонија во рамки на проектот „Инспирирај младинско учество”, на 27 март, организира Младински отворен ден каде што младите луѓе и младинските организации ќе имаат шанса да се запознаат и вмрежат меѓусебно. Настанот кој почнува во 11 часот ќе се одржи во просториите на градската библиотека „Браќа Миладиновци“
НМСМ ги повика сите младински организации да ја претстават својата работа и своите идеи, како пред присутните млади така и пред младинските организации кои ќе учествуваат на Младинскиот отворен ден.
Целта на овој наста, појаснуваат од Националниот младински совет, е доближување на младите до младинските организации и нивните активности како и промовирање на младинското учество кое игра важна улога во подобрување на целокупниот стандард на младите.