Ешли Велез трчала со двајца пријатели во колеџ, кога едниот од нив предложил дека би било добра идеја да се отвори пиво бар и продавница за обувки во исто место, пишува Mashable.
Тие биле во рајот на пивото, Форт Колинс, Колорадо и додека уживале во пиењето пиво, сите се согласиле дека би било фантастична идеја кога би можеле да ги комбинираат двете нешта кои најмногу ги сакаат во еден бизнис.
„Ние со пријателите секогаш сме зборувале за забавни бизнис идеи, но тие никогаш не спроведоа“, рече Велез. „Но оваа идеја, имавме желба да ја направиме.“
Една година подоцна, во јули 2014 година, го отворија „Shoes & Brews“, кој од една страна продава обувки за трчање и опрема, а од другата страна е бар за пиво со 20 славини.
Велез вели дека комбинацијата на пиво и трчање е природна.
Тие две работи се комплетираат едни со други на многу начини“, вели таа. „Ако одите на трчање, потоа се чуствувате како да сте заслужиле пиво.“
Продавницата/барот, е поделена со стакло, и секоја недела е домаќин на групи кои по завршувањето со трчање, завршуваат во барот за пиво. „Групи од 40 до 60 луѓе редовно се појавуваат“, вели Велез. „И секој клиент кој ќе купи обувки од продавницата, добива купон за бесплатно пиво.“
Таа комбинација, всушност може да е добра за вас, вели нутриционистот Мариса Луперт.
„Пивото има антиоксиданти, електролити и јаглени хидрати, кои можат да ви помогнат побрзо да закрепнете по тренингот, но клучот е во умереноста во пиењето“, рече таа.
Извор: Mashable