[Галерија] Средношколците маршираат низ Кичево

Стотина средношколци од Кичево излегоа на марш под мотото „Стоп за лошите реформи“ кој започна во дворот на училиштата „Мирко Милески“ и „Drita“. Средношколците потоа се упатија кон Министерството за образование во Кичево, каде, како што велат, пред неколку дена беше доставено нивното барање за враќање на стариот концепт на државната матура.

„Сакаме да не сослушаат властите, бидејќи мислиме поинаку. Ние имаме право на трет изборен премет и е сметаме дека полагањето математика не треба да биде задолжително за матурантите“, вели за Радио МОФ матурант од Кичево.

Кичевските средношколци велат дека нивните акции ќе продолжат и по овој, прв средношколски марш во нивниот град. За следните денови најавуваат можен бојкот на наставата и низа активности со кои ќе се обидат да го привлечат вниманието на надлежните за да ги слушнат нивните барања.

„Време е да покажеме дека нема да дозволиме да експериментираат со нас“, велат кичевските средношколци.

Во текот на изминатот месец се организираа средношколски маршеви, мирни собири пред училиштата и протести во повеќе градови низ Македонија. За сите случувања поврзани со средношколските протести,  може да се информирате на Радио МОФ преку  #СредношколскиПленум.

Галеријата од маршот проследете ја подолу:

11  3

4

5

6

7  9

10

12

14