Во овој краток профил направен од режисерот Liam Saint Pierre се зборува за невообичаениот ум на британскиот уметник и пронаоѓач Dominic Wilcox, кој со години го забавува светот со неговите идеи кои не се многу практични.
Неговите последни пронајдоци вклучуваат чевли со вграден GPS кои го водат корисникот кон неговиот дом и џиновски уред за слушање наречен „Binaudios“ за туристите да го слушнат градот. Тој неодамна објави книга со скици од неговите необични идеи „ Variations on Normal“ достапна на неговата официјална веб-страница.