Организацијата „Репортери без граници“ во соработка со „Франс Прес“ објави нов фотоалбум, во кој се претставени стоте херои на информациите.
Помеѓу бранителите на слободата на печатот на листата се најдоа Мартин Лутер Кинг и Нелсон Мандела, а меѓу нив се и личности како Едвард Сноуден и кубанската блогерка Јоани Санчес, пренесе МИА.
„Овие херои на информациите се извор на инспирација за сите жени и мажи кои се стремат кон слобода. Без нивната определба и определбата на оние како нив, едноставно ќе биде невозможно да се прошири доменот на слободата“, се вели во воведот на албумот.
Под секоја фотографија следи содржина и објаснување за секоја личност која е избрана на листата.
Воведот има статија и од Жерар Биар, главен уредник на француското сатирично списание „Шарли ебдо“. Месеци по нападот врз неговиот неделник во Париз тој изјави дека „богохулството дава слобода“.
– Новинарите повторно станаа цели кои треба да бидат заштитувани. Битката за слободата на информацијата се води постојано, вели Емануел Ог, директор на Франс прес.
Целиот албум може да се погледне на следниот линк.