Нова сијалица направена од графен ќе биде пуштена во продажба кон крајот на оваа година, соопшти тимот кој работеше на неа. Таа ќе претставува прв потрошувачки производ направен од овој суперматеријал кој е познат по тоа што е цврст и издржлив.
Сијалицата е развиена од истражувачите на Универзитетот во Манчестер каде што и беше откриен материјалот. Таа користи ЛЕД-диоди кои се обложени со графен и се верува дека ќе обезбедат поголема светлина од обичните ЛЕД-диоди, воедно ќе користи десет проценти помалку енергија и ќе трае подолго.
Financial Times објави дека сијалицата би можела да чини помалку од 20 долари кога ќе се пушти во продажба.
Таа е развиена од компанијата „Graphene Lighting“ чиј директор е професорот Colin Bailey, кој воедно е и советник на Универзитетот во Манчестер. Според него, оваа сијалица покажува дека производите направени од графен стануваат реалност со оглед на тоа дека пред помалку од една деценија за првпат беше изолиран овој материјал.