„Скопје филм фестивал“ објави повик за волонтери кои сакаат да станат дел од тимот на познатиот фестивал.
Заинтересираните треба да бидат на располагање во текот на фестивалот и да имаат над 18 години.
Краен рок за регистрирање и пријавување за волонтерството е 10 април, додека периодот на волонтирање трае од 17 до 24 април.
Сите пријави во кои ќе бидат наведени податоците за контакт и одговор на прашањето „Зошто сакате да бидете дел од СФФ 2015?“, треба да се испратат на следнава адреса: volontersff@gmail.com