Уште од 1988, познатиот американски актер Jeff Bridges ја документира атмосферата позади камерите на сите филмови во кои глумел, со неговиот единствен, панорамски фотоапарат Widelux.
Минатото лето, тој ја сподели со светот колекцијата впечатливи фотографии кои настанале на сетовите на неговите филмови:
Селфи со жртва на линчување во филмот на браќат Cohen, „True Grit“ од 2010
Maggie Gyllenhaal се опушта на снимањето на „Crazy Heart“ во 2009
Jeff и неговиот татко, актерот Lloyd Bridges, на снимањето на „Blown Away“ во 1994
Уште една сцена од снимањето на „True Grit“, со рачен опис на авторот
Од „The Big Lebowski“
Од снимањето на„Iron Man“ во 2008
The Jesus (John Turturro) во акција во „The Big Lebowski“
Gary Busey во ходник, на снимањето на „Fearless“ во 1993
Режисерот Peter Bogdanovich го мести кадарот во сцена од „Texasville“ (1990)
Tim Robbins и Joan Cusack позираат во сцена од филмот „Arlington Road“ во 1999
Kevin Spacey на снимањето на „K-Pax“ (2001)
Со својот брат, актерот Beau Bridges, на снимањето на „The Fabulous Baker Brothers“ во 1989