Учениците од тетовската гимназија утрово започнаа бојкот на наставата, пренесе порталот Младите.мк.
Тие целосно ја блокираа наставата, но се присутни во училиштето. Според дел од учениците бојкотот стапува на сила поради незадоволството од неквалитетните реформи во образованието кои се на штета на учениците.
„Денеска започнавме бојкот на наставата и нема да се откажеме од нашите барања. Не сакаме ние да бидеме експеримент, но сакаме квалитет на нашето образовение. Ние првенствено сакаме подобри услови за учење во нашето училиште, а не да бидеме експеримент каде што преку нас ќе се испробуваат нови мерки и промени кои не се соодветни за нас како ученици“, велат дел од учениците од тетовската гимназија за Младите.мк.
Порталот пренесува дека бојкот се одвива и во тетовското економско училиште „8-ми Септември“.