На синоќешниот, трет по ред Средношколски пленум во Битола, учениците го изгласаа предлогот за бојкот на настава.
„Нa пленумoт денес глaсaвме и oдлучивме декa вo втoрник ќе бoјкoтирaме нaстaвa вo техничкoтo училиште Ѓoрѓи Нaумoв. Бoјкoтoт ќе биде нa пoследните двa чaсa oд првaтa сменa и првите двa чaсa oд втoрaтa сменa, сo музикa игри и дружење“, соопштија синоќа од Пленумот.
Според договорот, наставата во вторник ќе се бојкотира помеѓу 10 и 14 часот. Зависно од поддршката што ќе ја добијат и одговорот на надлежните за нивните барања, ќе се одлучува дали бојкотот ќе биде проширен и во другите битолски средни училишта.
Битолските средношколци пред две седмици излегоа на протестен марш, од средното медицинско училиште, „Д-р Јован Калаузи“, па се до зградата на општина Битола каде ги доставија до надлежните двете свои главни барања – укинување на екстерното тестирање и враќање на стариот модел на државна матура.
Со радикализирањето на активностите преку бојкот на настава , тие им се придружуваат на своите соученици од девет средни училишта во Скопје, но и од Охрид, Тетово, Велес, Струмица и Куманово кои на овој начин го изразуваат својот револт од лошите образовни реформи , но и од игнорантскиот однос на надлежните кон пленумските барања.