Осмото издание на Subversive Festival во Загреб годинава ќе се одржи од 3 до 16 мај под мотото „Простори на еманципација – микрополитики и побуни“. На неколку локации низ градот – кината „Европа“, „Тушканац“ и „Грич“, Културно-информативниот центар, „Загребачко казалиште младих“ ќе се одржуваат филмски проекции, конеференции, Школа на современа хуманистика и Саем на ангажирана книжевност.
Програмата опфаќа преку 50 филмови и гостувања на повеќе од 100 теоретичари, уметници, филмаџии, активисти, политичко-активистички групи и организации.
Меѓу гостите за годинава веќе се најавени режисерот Џошуа Опенхајмер, номиниран за Оскар за документарецот „Чинот на убиство“ кој на 12 мај ќе одржи мастерклас во Докукино во Културно-иформативниот центар, потоа италијанскиот правник и активист Уго Матеи, Франциска Марија „Ска“ Келер, германска политичарка и членка на Европскиот Парламент, Куми Наидо, извршен директор на Greenpeace International и други.
Повеќе информации за фестивалот може да се прочитаат на следниот линк.