Артисти заинтересирани за теренско снимање и сродните дисциплини можат да се пријават за учество на петдневната работилница „Архитектура и време“ во Стари град на хрватскиот остров Хвар. Работилницата ќе ја одржи добро познатиот германски музичар Schneider TM и хрватската артистка Ксенија Ладиќ. Работилницата ќе се одржи во музичкото училиште во градот, лоцирано во палатата Бјанкини, а настанот е поддржан од институтот Гете.
Низ петте дена, учесниците ќе ги истражат двата параметра – времето и архитектурата, со цел да ги пренесат во музика / звучни пејсажи / аудио парчиња. Двете теми можат да се сфатат буквално, а и да се отсликаат во музика. Првиот аспект е архитектурата на самиот град, а вториот – архитетурата на звучните структури, без оглед дали се работи за звучна уметност или за песна. Аспектот на времето може да се се сфати како историјата на градот, но и како линеарен звук. Имајќи ги предвид овие аспекти, учесниците во работилницата ќе создадат звуси кои ќе бидат претставени на крајот.
Повеќе информации за работилницата и за пријавувањето може да се најдат на следниот линк.