Средношколците од Средношколскиот пленум утрово поставија камп во Паркот на новинарите, спроти зградата во која се наоѓа Министерството за образование и наука“, во знак на револт од игнорантскиот однос кон нивните барања. Тие велат дека четвртата недела од бојкотот ја продолжуваат со 24-часовно кампување пред МОН, со што ги радикализираат протестите.
Во меѓувреме бојкотот во училиштата продолжува, велат од Пленумот и ги покуваат по завршувањето на часови сите средношколци да им се приклучат на кампот пред МОН и да ја дадат потребната поддршка.
Средношколците бараат враќање на стариот концепт на државната матура, како и ставање на Законот за екстерното тестирање во мирување.