Три марша, бојкот на настава, кампување пред Министерството, силна поддршка од студенти, наставници, професори, новинари, јавни личности, граѓани.
До кога Министерството за образование и наука ќе го игнорира постоењето на Средношколскиот пленум, на кој начин ќе се радикализираат протестите и што ќе се случува во текот на кампувањето пред МОН,дали системски се уништува македонското образование?
Ова се дел од прашањата на кои ќе се зборува во студиото на Радио МОФ во дискусијата насловена „Средношколски протести – што потоа? “
Гости во студио ќе бидат Ана Поп Ризова, психолог и професорка во гимназијата „Орце Николов“, Денис Исмаили од Студентски пленум и средношколците Соња Митиќ и Александар Милески. Водител е новинарката Јасмина Јакимова.