Режисерот Александар Поповски ги доби театарските национални „Оскари“ во Турција, во четири категории за две негови претстави.
Поповски, кој во моментов живее и работи во Словенија, доби награда за најдобра режија за претставата „Создавачите на империјата“, а претставата „Сон на летната ноќ“ ги освои „оскарите“ за најдобра претстава, најдобра сценографија и најдобра машка споредна улога.
Македонскиот режисер беше номиниран во пет категории од Турската академија „Афифе Зале“, а свеченоста на доделувањето на наградите се одржа во Истанбул.