Во рамки на проектото „Млади во движење“, планинарско еколошко друштво „Закамен“ Струга објави јавен повик за учество во младинскиот еко-камп кој ќе се одржи од 29 до 31 мај 2015 година.
Овој камп ќе претставува одлична можност за младите од 14-26 години да научат повеќе за одржливото користење на природните ресурси, да се запознаат со природните и културните вредности на планината Јабланица, да се запознаат од прва рака со билките, печурките и шумските плодови на планината, како и за нивно правилно собирање и заштита.
Предност при учество имаат млади од општините Струга и Вевчани. Бројот на учесници е ограничен, а сите трошоци ќе бидат покриени од планинарското друштво.
Краен рок за пријавување е 24 мај 2015 година.
Од „Закамен“ посочуваат дека ќе бидат превземени сите мерки за безбедност на учесниците на кампот. На кампот ќе учествуваат лиценцирани планинарски водичи и искусни планинари кои ќе го искористат своето знаење и искуство за подобар и побезбеден престој на посетителите.
Проектот е финансиран од фондацијата Еуронатур од Германија и фондацијата Мава од Швајцарија, а е поддржан од Македонско еколошко друштво.