[Галерија] Руски тинејџери-обожаватели на Путин

Унгарскиот фотограф Bela Doka забележал интересна појава во Русија – стотици тинејџери и младинци, некогашни членови на сега непостоечката пропутинистичка политичка организација „Наши“, се уште го обожаваат рускиот претседател Владимир Путин.

Наместо ликови на познати актери и поп ѕвезди, на ѕидовите во нивните соби има постери со ликот на Путин. Doka во 2007 добил пристап до домовите на овие млади луѓе, каде што ги фотографирал, претставувајќи ја нивната пасија и обожавање на рускиот претседател. Овие фотографии, дел од серијата „Фан клуб Путин“ ќе бидат изложени како дел од настанот „Фото Лондон“ од 21 до 24 мај.

Тања Архипова: „Ми се допаѓа како Путин се однесува кон неговата сопруга и неговите деца. Тој направи луѓето да ја почитуваат Русија“

Тања Архипова: „Ми се допаѓа како Путин се однесува кон неговата сопруга и неговите деца. Тој направи луѓето да ја почитуваат Русија“

Јулија Николаева: „Мојот дечко Кирил ме зачлени во клубот. Ми се допаѓа Владимир Владимирович и интересно е да се гледаат неговите постапки. Имам само најдобри зборови за него. Тој направи толку многу за земјата, како ниту еден претседател досега.“

Јулија Минажетдинова: „Кога се запишав на факултет, се запознав со Игор и тој ме покани на неколку настани. Моите родители се против моето хоби и велат дека не се разбирам од политика, но јас не мислам така. Путин е мојот херој, тој ме инспирира и им дава смисла на моите постапки“.

Алина: „За мене Путин е претседател кој ја изведе нашата земја од кризата и ја подигна на едно нов ниво. Секојдневно ги следам сите новости поврзани со претседателот на телевизија, во весниците и на интернет“.

Алина: „За мене Путин е претседател кој ја изведе нашата земја од кризата и ја подигна на едно ново ниво. Секојдневно ги следам сите новости поврзани со претседателот на телевизија, во весниците и на интернет“.

Лево: Вика Маторина: „Путин е единствениот, тој е идеалот! Претходно бил царот, сега е Путин, тој е за мене како господ.“ Десно: Лена: „Ми се допаѓа тоа што Путин завршува се што е започне. Тој е толку сестрана личност, оди на риболов и на скијање. Мислам дека е одличен модел за младите луѓе.“

Лево: Вика Маторина: „Путин е единствениот, тој е идеалот! Претходно бил царот, сега е Путин, тој е за мене како господ.“
Десно: Лена: „Ми се допаѓа тоа што Путин завршува се што е започне. Тој е толку сестрана личност, оди на риболов и на скијање. Мислам дека е одличен модел за младите луѓе.“

Јулија Пипилова: „Имам пет различни маички со портрети на Путин, и неколку разгледници со неговиот лик. Ние ги дизајнираме и ги печатиме за сите. Јас лично сакам сопруг кој ќе биде како Владимир Владимирович.“

Тања Скорописцева и Љуша Соболков

Тања Скорописцева и Љуша Соболков

Извор