Прославениот режисер David Lynch сепак ќе учествува во проектот за продолжение на култната серија „Twin Peaks“, чија премиера е закажана следната година, во продукција на Showtime.
Откако минатиот месец објави дека се повлекува од проектот, Lynch сега вели дека е повторно подготвен да го режира продолжението на серијата, која стана позната благодарение токму на неговиот авторски печат.
Dear Twitter Friends, the rumors are not what they seem ….. It is !!! Happening again. #TwinPeaks returns on @SHO_Network
— David Lynch (@DAVID_LYNCH) May 16, 2015
“Twin Peaks” одеше две сезони во 1990, со впечатливи улоги кои ги лансираа кариерите на Kyle MacLachlan, Sherilyn Fenn и Lara Flynn Boyle. Плановите за продолжението ги откри еден од нејзините креатори, Mark Frost, минатиот октомври. Според претседателот на Showtime, David Nevins, ќе има вкупно околу девет часови нови епизоди. Со ова, телевизиските серии во 2016 ќе бидат своевидно враќање во 90-те, со продолженија на „X-Files“ и „Full House“.