Кабинетот по хемија во кумановската гимназијата „Гоце Делчев“ се запалил попладнево, по хемиска реакција во предавалната, јавува локалниот портал „Кумановоњуз“.
Пожарот брзо бил изгаснат, а повикана била и противпожарната единица, како и екипи на ЕВБН за да ја изгасат струјата бидејќи огнот зафатил и дел од електричната инсталација.
„Кумановоњуз“ пишува дека пред зградата се чувствува мирис на суфур, а неофицијално дознава и дека сите учениците по пожарот биле пуштени дома.