Компанијата Окуметикс тврди дека нејзините научници создале бионичка леќа која со безболна постапка се поставува на човечкото око и драстично го подобрува видот.
Според компанијата, леќата дава вид којшто е трипати подобар од 20/20, највисото ниво на острина и бристрина што човечкото око природно може да ја постигне. Леќата се уште не е клинички тестирана, но од Окуметикс велат дека таа може да донесе револуција во оптиката.
„Слободата од очилата и контактните леќи беше цел што сега стана реалност“, пишува на веб-страницата на компанијата. Извршниот директор, канадскиот офталмолог Gareth Webb ја развил леќата во форма на копче, на која работел осум години, а компанијата потрошила три милиони долари за истражувањата.
„Ова е подобрување што светот претходно никогаш не го видел. Ако можете да го видите часовникот на три метри, сега ќе можете да го видите од десет метри далечина“, вели Webb. Операцијата е слична на постапката што се спроведува при катаракта – леќата се инјектира директно во окото, а таа целосно може да ги замени природните леќи, кои со времето се трошат.
Бионичката леќа би можела целосно да ги замени очилата, контактните леќи и ласерските операции. Таа, според најавите, би можела да стане достапна за пациентите за две години.