Награден конкурс „Напиши љубов во 140 карактери“ наменет за корисниците на социјалната мрежа „Твитер“ денеска објавија организаторите на поетската манифестација „Рацинови средби“ 2015.
Целта на конкурсот е поттикнување на креативноста, ширењето љубов и промоција и афирмација на љубовната поезија на Рацин на официјалниот твитер профил на манифестацијата.
Бидете креативни, твитајте љубов и освојте вредна награда! #pc
— Рацинови средби (@racinovisredbi) May 30, 2015
За најубавата твитер љубовна порака предвидена е вредна награда која ќе биде доделена на свеченото отворање на „Рациновите средби“ на 11 јуни. Конкурсот ќе трае до 7 јуни 2015 година.