Прогласени се победниците на овогодинешниот Конкурс за биофотографија организиран од Истражувачкото друштво на студенти биолози, годинава на тема „Микро свет“. Како главен мотив на делата беа сите видови на безрбетници: инсекти, пајаци, скорпии, полжави, црви…Годинава на конкурсот се пријавија четириесетина автори, со педесетина свои дела.
Првото место и припадна на фотографијата на Бранко Данаилов.
Второтата награда за најдобра фотографија ја зема Ристе Камчев.
Третонаградена беше фотографијата на Џенан Ризвановиќ.
Најдобрата биофографија се избираше преку три процеси и тоа: гласови на Фејсбук страната на Конкурсот, преку гласови од жирите во состав: Ирена Јовановска (Ирена Мила/фотограф, биолог) и Елена Фидановска, додека последниот глас го даде Претседателството на ИДСБ според тоа колку пријавените фотографии технички и тематски одговараат на овогодинешниот конкурс. За првонаградената фотографија е доделен бесплатен ваучер за посета на летната истражувачка експедиција на ИДСБ, за второнаградената ваучер за еднодневна истражувачка акција, како и мал истражувачки-теренски пакет за третото место на Конкурсот.
Сите пријавени фотографии може да ги погледнете на овој ЛИНК.