Повикувањето такси е полесно од било кога!

Новата мобилна апликација „Моето Такси“ овозможува брзо и едноставно повикување на тaкси возило на било која дестинација во Скопје. Со само неколку кликови, патникот има можност да повика возило, да го следи сè додека не пристигне до бараната дестинација и да биде во константна комуникација со возачот.

„МоетоТакси“ е во употреба во најголемите такси компании во Македонија – Наше Такси, Лотус и Сонце, а во план е понатамошно ширење на соработките и со други такси компании. Апликацијата во моментов е прилагодена само за Android уреди,но наскоро следува iOS верзија.

„Нашата цел е да направиме практична алатка која ќе ви користи во вашето секојдневие, без разлика дали имате потреба од јавен превоз додека одите на работа, на училиште/факултет или едноставно одите да поминете време со пријателите. Создадовме алатка која ќе го поедностави начинот на брзо наоѓање такси превоз во секој период во денот, при што ќе ги доближиме и олесниме контактите меѓу вас како клиенти и такси превозниците“, велат за апликацијата од тимот зад „Моето Такси“.

Сè што треба да направите за да ја преземете „Моето Такси“ на вашиот телефон е да го скенирате овој QR код:

Untitled1

или да ја посетите Google Play на следниот ЛИНК. Следете ги сите новости врзани за „Моето Такси“ на официјалната Facebook страница: https://www.facebook.com/MoetoTaksi.

Пријатно возење!

КОМЕРЦИЈАЛЕН ТЕКСТ