Граѓанското движење за мир, правда, демократизација на институциите и оставка и одговорност на сегашната Влада – #Протестирам, доцна вчеравечер со герила акција постави „пломба“ на повеќе државни институции.
Според ова движење, институциите се нелегитимни и затоа се пломбирани од #Протестирам. Движењето неодамна најави дека фронтовите што се обединуваат околу #Протестирам, ќе продолжат со акции и во престојниот период ќе следуваат најави за нови.
„Повикуваме на омасовување на отпорот против овој режим и ги охрабруваме сите граѓани да се самоорганизираат. Против едноумието. Против едноличноста. Секој на свој начин и во рамките на своите можности. Секогаш ненасилно“, изјавија неодамна од #Протестирам.