Културниот центар Кула отвори повик за учество на работилница за Land Art. За потребите на оваа работилница КУЛА накратко ќе се пресели на падините на Китка. Повикот е отворен за сите заинтересирани кои би сакале својата креативност да ја изразат во природа.
Работилницата ќе се одржи на 11 јуни (четврток) 18- 20 часот, а презентација за работилницата во Кула ќе се одржи на 13 и 14 јуни во с. Мала Река (Китка). Ментори ќе бидат Марко Јанев, Филип Велковски и Никола Анѓеловски.
Land art (earth art, environmental art) е правец во уметноста кој се разивива како реакција против искомерцијализираната институционлана уметност во шеесеттите и седумдесеттите години во САД. За создавање на Land Art, специфично е тоа што уметниците ги користат природните материјали ( земја, камен, дрво, лисја…) кои се наоѓаат во околината каде и ги креираат и поставуваат самите дела. Целта на оваа уметност создавањe симбиоза помеѓу делото и природата.
На 11 јуни (четврток) од 18 часот задолжително е сите селектирани учесници да ја проследат презентацијата за Land Art во Кула, но воедно и да се запознаат со програмата на работилницата, како и со останатите учесници и менторите на работилницата.
Работилницата ќе се одржи од 13-14 јуни во с. Мала Река (Китка). Локациите каде што ќе се одвиваат активностите за време на работилницата се во селото и неговата околина, додека кампот каде што ќе престојуваат учесниците ќе биде сместен во дворот на „вилата на дедо Боро“.
По завршувањето на работилницата во КУЛА ќе се одржи изложба со фотографии и видеа со делата создадени за време на работилницата.
Работилницата е подржана и финансирана од Холанската амбасада во Скопје.
Сите заинтересирани можат да се пријават преку испраќање на пополнета апликација, заедно со кратко CV и мотивационо писмо најдоцна до 9 јуни 2015. Бројот на учесници е ограничен на 20.