Стотици граѓани денеска одржаа протестен марш низ улиците на Скопје, со кој одбележаа четири години од бруталното убиство на младиот Мартин Нешковски.
Маршот тргна од близина на зградата на Владата, а демонстрантите, извикувајќи „Убијци, убијци“, „Нема да ви помине“ и „Убивте човек“ се упатија кон Министерството за внатрешни работи, каде ги пречека кордон на полицијата, која не дозволи да стигнат до зградата на МВР. Поворката, на чие чело е семејството на Мартин Нешковски, застана пред зградата во која живее премиерот Никола Груевски, каде граѓаните извикуваа „Никола, излези“.
Протестот го поддржаа движењето #Протестирам и коалицијата „Граѓаните за Македонија“.
Погледнете ги фотографиите од денешниот марш:
Кристина Озимец