Британското електронско дуо Disclosure го најави новиот албум, „Caracal“, кој ќе биде пуштен во продажба на 25 септември. Браќата Lawrence го најавија второто издание, продолжение на нивниот деби-албум „Settle“ од 2013, неодамна, на настапот на фестивалот „Wildlife“ во Брајтон, каде пуштаа семплови и вокали од новото издание во својот сет.
Lion Babe, Nao и Kwabs им се придружија на сцената во Брајтон, а се очекува во следните недели да ги објават имињата и на останатите артисти со кои ќе соработуваат на новиот албум.
Паралалено со најавата за „Caracal“, се појави и контроверза поврзана со новото издание на Disclosure – сонародникот на браќата Lawrence, Aaron Jerome, попознат под псевдонимот SBTRKT, ги обвини дека ги копирале кориците на првиот и на вториот негов албум, на нивното прво и второ издание.