Американското алтернативно рок трио The Jon Spencer Blues Explosion ќе одржи концерт на четврти септември во Младинскиот културен центар во Скопје каде ќе го промовираат нивниот нов албум. Концертот е во соработка со Кино Шишка – Љубљана, Жедно Ухо – Загреб и Поп Депресија & Одличан Хрчак – Белград.
„The Jon Spencer Blues Explosion опасно загризува од Големото јаболко со нивната нова плоча, Freedom Tower – No Wave Dance Party 2015. Како најдобрите плочи што излегуваа од Бронкс, од Лоуер ист сајд, од Гриниџ Вилиџ во 70-тите и 80-тите – Freedom Tower не е обична високооктанска плоча за шизење – таа е документ за Њујорк, хроника за валканиот асфалт, за ужасот и за љубовта!“, се вели во најавата.
Бендот постои 25 години, а новиот албум претставува збир на приказните што досега ги проживеале вокалистот Jon Spenser, гитаристот Judah Bauer и тапанарот Russel Simins.
„Спремана и гланцана на тајни свирки и ненајавени концертни термини во театри, хотелски бифеа и други „црни дупки“, а потоа снимана во легендарната Daptone House Of Soul во Bushwick и миксана од култната хип-хоп легенда Alap Momin, во Харлем, Freedom Tower е најпровокативниот доказ за урбаниот занес и дух што некогаш е снимен“, стои во најавата.