Една од најпрепознатливите градби, Кинескиот ѕид, и оваа година ќе биде домаќин на андеграунд денс фестивал. Фестивалот YinYang ќе трае 20-22 јуни со настапи на диџеите Juno Reactor, Sulumi, Kamara, Adam Swain, Frits Wentink и Cesqeaux, како и настапувачи од кинеската андерграунд музика.
Овој настан, кој може да прими 2000 посетители, а во организација на центарот Mansion во Шангај, најверојатно е дека ќе биде внимателно следен со оглед на тоа дека Кинескиот ѕид е под заштита на УНЕСКО.
Сепак, YinYang не е првата манифестација што се случува на Кинескиот ѕид. Во 2003 година, Paul Oakenfeld направи транс журка. Погледнете го видеото од претходното издание на фестивалот YinYang.