Во Музејот на град Скопје вечерва (17-ти јуни) во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Траги“ на Али Синани на која ќе се претстави со 40-тина дела работени последните пет години.
Синани е роден 1977 година во гостиварското село Добридол. Дипломира во 2002 на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во класата на професорот Рубенс Корубин. Магистерските студии ги завршува на истиот факултет во 2009 година во класата на доцент Антони Мазневски, а од 2012 година е на докторски студии во Нови Пазар, Србија, кај проф.д-р Фехим Хусковиќ. Член е на голем број европски асоцијации.
Има реализирано над 15 самостојни и над 25 групни изложби во Македонија, Србија, Швајцарија, Германија.
Од 2000 година живее и работи во Швајцарија.