Бразилскиот графити-уметник Butcher Billy прави преработки на култните графити на неговиот колега Banksy, во кои ликовите се заменети со познати јунаци од цртаните филмови. Улогите во социјално ангажираните претстави на Banksy ги преземаат ликови како Душко Долгоушко и семејството Flinstone. На овој начин, графитите чија првична намера е општествениот коментар и критика, се претвораат во носталгични цртани мурали.