Во периодот помеѓу 17 и 21 август 2015 година, Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Универзитетот „Евро-Балкан“,Скопје и петте верски заедници ја организираат втората летна школа „Религија, етничка припадност и национализам“.
Летната школа ќе се одржи во Охрид и е наменета за млади на возраст помеѓу 18 и 28 години, кои се студенти на додипломски или последипломски студии на факултетите за општествени или религиски науки од целата држава.
Трошоците поврзани со учество на летната школа (пат, храна и сместување) се покриени од страна на организаторите. Сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите може да се пријават со пополнување на апликацијата достапна на www.euba.edu.mk. Пополнетата апликација се испраќа на contact@euba.edu.mk.
Рокот за аплицирање е до 15 јули, 2015 година.