Семинарот и натпревар во роботика „Робомак“ заврши. Во салата во Mакедонската опера и балет изминатата сабота, исполнета со позитивна атмосфера и натпреварувачки дух, учесниците ги претставија своите роботи и беа прогласени најдобрите во секоја категорија одделно.
Во боречката категорија – сумо, се натпреваруваа четири екипи. Победничкиот тим – Winner составен од: Стефан Стојановски, Марко Стојковски и Боби Серафимовски, се прогласи откако се изиграа дупли мечеви во полуфиналните борби и дупли финален меч.
Во категоријата Right target, исто така се натпреваруваа четири екипи. Во оваа категории екипите имаа за задача да програмираат Polilu 3pi роботчиња, чија крајна цел е беше да ги дупнат балоните на крајот од патеката по зададен редослед. Во оваа категорија, не беше прогласен победник поради неисполнување на правилата на игра.
Категоријата Роботска рака, оваа година имаше ревијален карактер. Тимот Only Winner, составен од Филип Илиески, Мино Тодоров и Филип Дончевски ја импресинораше публиката презентирајќи ја работата на две роботски раце како самостојно селектираат прооизводи за рециклирање, симулирајќи производствен индустриски процес.
Новитет за оваа година беше категориијата Artificial Intelligence & Raspberry PI. Задачата на тимовите беше да создадат вештачки интелигентни агенти или поедноставно, алгоритми, кои ќе ја играат играта Стрелци. Најуспешниот тим во мини турнирот беше тимот Cerebro, а на освоеното прво место му се радуваа студентите Јане Џумеркоски и Мето Трајковски.
И категоријата Трка не беше помалку интересна за присутните. Сите четири роботчиња имаа за задача да извозат по три круга на патеката, која беше непозната за натпреварувачите се до финалето. На крајот, со можеби малку повеќе среќа победи тимот Restart, во кој чествуваа: Јован Јакимовски, Стефанија Ристоманова и Никола Буџакоски.
Последната и најимпресивна категорија за публиката како и секоја година, категоријата Хуманоид ја исполни салата со овации. Од двата тима победник беше оној кој најмногу ја изненади публиката. Но годинава судејќи по силината на аплаузот и овациите и двата тима беа прогласени за победници. Во тимот White Walker учествуваа Ивона Ристова, Елена Димитрова и Антонио Филипоски, а тимот Брилјантин беше составен од Гоце Софески, Емилија Нечкоска и Драгана Антонијевска.