Медиа/арт клубот на Младинскиот образовен форум од Велес вчера го организираше завршниот настан од модулот ,,Реупотребливи материјали“, каде беа изложени изработените кукли, накит, честитки и брошови.
Целта на настанот, “И старото може да биде ново”, кој се одржа во кафе-барот „Чао“ е да се информираат не само младите, туку и другите граѓани во Велес за рециклирање на отпадот и негова повторна употреба со намена во други облици и предмети. Преку овој настан сакаме да ја поттикнеме свеста на граѓаните околу рециклирањето на отпадот.