Муаз Наваз, Данјал Али и Чираг Шах се група ученици на возраст од 13 и 14 години од лондонската академија „Исак Њутн“ кои создадоа кондом со кој може да се детектираат сексуално преносливи болести, нарекувајќи го „S.T.EYE.“
Кондомот свети во различни бои, во зависност од тоа за каква инфекција станува збор, така што зелената боја е за кламидија, жолта за херпес, виолетова за хуманиот папилома вирус, а сината за сифилис.
Овие тинејџери ја освоиле првата награда од илјада фунти на натпреварот „TeenTech“ во категоријата „здравје“. Натпреварот ги охрабрува учесниците од 11 до 16-годишна возраст да создадат пронајдоци што ќе бидат од помош на светот. Пронајдокот засега е само концепт, но учениците се надеваат дека еден ден ќе се најде во употреба.