Третата епизода на Мулти виа Радио е целосно во знакот на креативноста како алатка за интеграција. Виолета Симјановска, извршен директор на Центарот за изведувачки уметности и мултимедија и Анка Каеска, професор по математика во средното училиште „Боро Петрушевски“ се гости во нашето студио.
Со нив разговараме како вклучувањето на учениците од средните училишта низ Македонија во креативни работилници има позитивно влијание врз нивниот развој, вклученост во општеството, интеграција со околината и ентузијазам кон уметноста, кративноста и креативните практики .
Слушнете ги приказни на нашите две гостинки кои директно се вклучени во имплементација на проектот креативни работилници и кои низ разговор ќе ни раскажат повеќе за креативноста како алатка и ќе споделат со нас исклучително успешни примери од неколку училишта низ нашата земја.