Четвртата епизода на Мулти виа Радио беше посветена на социологијата во образованието и нејзиното значење за мултикултурализмот. Гостин во студио беше професорот Емил Сулејмани.
Multi Via Radio E4 by Radio Mof on Mixcloud
Професорот и водител на „Мулти виа Радио“, Бујар Саити четвртата епизода ја започна со исказот дека социологијата е академска студија на социјалното однесување. На ова се надоврза професорот Сулејмани кој додаде дека социологијата е млада наука која не учи за општеството, но сепак е стара е исто толку колку што е стар и човекот. Тој воедно посочи дека процесот на социјализација е дел од социологијата која ги проучува општествените феномени.
Во текот на емисијата двајцата професори се согласија дека токму образованието е мостот меѓу човекот и општеството, како и дека социјализација е тесно поврзана со воспитната компонента на образованието.
„Образованието е идеално место за развој на интеграција,преку образованието човекот ги учи вредностите кои треба да ги почитува. Кога ќе се измешаат сите состојки се добива вистинскиот вкус на салатата – тоа е меѓукултурното образование“, заклучи професорот Сулејмани Емил кон крајот од емисијата.