Нов протототип развиен од страна на студенти од Швајцарија би можел конечно да ги тргне пречките на лицата кои користат колички.
Десет швајцарски студенти по механика и инженеринг во текот на минатата година ја развиваа единствената „Scalevo“ електрична инвалидска колична , која може да се искажува по скали користејќи гумени ленти меѓу двете тркала, како и дополнителна тркала во задниот дел од количката за полесно движење, јавува Тech.beyondblindfold.
Сепак, количката која ја направи тимот студенти од Швајцарскиот федерален институт за технологија и Универзитетот за уметности од Цирих, нема да биде пуштена во скоро време на пазарот.Студентите ја направиле во рамки на неколкумесечниот курс со цел да докажат дека нивниот концепт е реален и употреблив. Сега тие планираат нивниот подобрен дизајн да биде претставен за параолипискиот предизвик „Cybathlon Challenge for Robot-Assisted Parathletes“, во октомври 20016.