Организацискиот одбор на Интернационалниот фестивал на аматерски документарен филм (ФАДФ) „Камера 300“ кој секоја година се одржува кон крајот на октомври во Битола, го објави конкурсот за претстојното 23-то издание.
На ФАДФ „Камера 300“ може да учествуваат сите филмски аматери, членови на клубови, секции или самостојни автори од Европа кои ќе пријават филмови снимени на ДВД, МП4 или МПЕГ техника и титлувани на англиски јазик, а крајниот рок за пријавување на филмовите е 10 октомври.
Наскоро ќе се објават и членовите на меѓународното стручно жири кое ќе ги додели наградите плакета „Милтон Манаки“, златна, сребрена и бронзена „Камера 300“, плакета за најдобра режија „Драги Савевски“, награда за репортажа и наградата на „Уника“.
Фестивалот годинава слави 110 години од донесувањето на првата филмска камера на Балканот и во Битола.