Дизни ќе продуцира филм што ќе претставува уште едно продолжение на серијалот Star Wars, но овојпат приказната е свртена кон младоста на Han Solo.
Филмот се уште нема наслов и се уште не се знае кој ќе ги игра улогите, а е во режија на Phil Lord и Christopher Miller, режисерите на The Lego Movie. Се очекува филмот да биде готово до 25 мај, 2018 година.
„Ветуваме дека ќе ризикуваме, ќе и понудиме на публиката свежо искуство и ветуваме дека ќе ги сочуваме ликовите кои ни значат многу“.
„Ова за нас е сон кој се остварува, и тоа не таков сон кога доцните на работа, а вашата облека е од пудинг, туку филм во кој работите со едни од најголемите ликови, во филмска франшиза која сте ја сакале уште пред да се сеќавате дека нешто сте мечтаеле“.
Идејата за приказна што го раскажува животот на Han Solo, всушност прв ја даде режисерот Wes Anderson.
Тој претходно, во врска со оваа идеја изјави:
„Имам чувство дека веднаш ќе бидам заменет во филмот, бидејќи не знам дали ги имам сите вистински акции. Но, барем ги знам ликовите од старите филмови“.
„Мислам дека нема да направам лоша работа со приказната за Хан Соло. Тоа можам да го направам прилично добро. Но, можеби би било подобро да се направи накратко“.
Сценариото за филмот е на Lawrence Kasdan кој има работено на филмовите The Empire Strikes Back и The Force Awakens, заедно со неговиот син Jon Kasdan.
Според најавите, ова продолжение ќе биде повеќе во комичен стил, наспротив претходното продолжение Rogue One каде фокусот беше ставен на Darth Vader и акционите сцени.