Фински тинејџер за кој се верува дека е поврзан со хакерската група „Lizard Squad“ е осуден за 50 000 хакерски напади.
17-годишниот Julius Kivimaki, кој на својот Twitter профил себеси се нарекол „недопирлив хакерски бог“ ќе добие мала казна, и покрај долгата листа на хакерски прекршоци, поточно 50 700 во кои вели дека учествувал.
Судот во Еспо му додели две години условна затворска казна, а како дел од казната тој ќе треба да врати 7 300 долари за имотот што го стекнал вршејќи компјутерски криминал, а ќе се следат и неговите интернет активности.
Kivimaki помина еден месец во притвор пред да започне судењето поради незаконско користење на софтверот Adobe за да добие пристап на 50 000 сервери. Тој користел украдени информации од кредитни картички за да направи 21 набавка и украл 7 гига податоци од мејлот на MIT, откако влегол во серверот на Универзитетот Харвард.
Судот ја зел предвид возраста на ова момче, бидејќи тој имал само 15-16 години кога ги извршил делата и според судот, не бил свесен за штетата што ја направил.
Kivimaki најверојатно е дел од хакерската група „Lizard Squad“ позната по хакерскиот напад минатиот Божиќ врз мрежите на Playstation и Xbox.