Истражувачите од Државниот универзитет Орегон по примерот на познатите силиконски нараквици „Livestrong” кои некогаш беа популарни, создадоа алки кои ќе можат да препознаат речиси 1.400 различни хемиски соединенија.
Сега еден претприемач создаде „кикстартер“ за да ги направи достапни овие алки со хемиски сензори за секого. Компанијата, MyExposome, ја зема технологијата OSU и сака повеќе „граѓанин научници” да бидат во можност да ги носат алките и да почнат да собираат податоци за да се истражи како нашата изложеност на хемикалии влијае на нашето здравје.
Како функционираат нараквиците? Откако ќе се испере во растворувач, сунѓерестата силиконска нараквица се носи на зглобот и ги апсорбира хемикалиите, кои најчесто постојат во нашата средина: од парфеми и други производи за лична нега па се до пестициди, кофеин, никотин, хемикалии и третмани за домашните миленици.
Ако на пример, градежните работници ги носат алките, тие ќе можат да ја покажат нивната изложеност на полициклични ароматични јаглеводороди, кои се на листата на опасни соединенија на Агенцијата за заштита на животната средина. Сепак, тешки метали како олово и хром не може да се откријат од нараквицата.
Извршниот директор на MyExposome, Марк Епштајн вели дека откако една недела ја носел бразлетната и ги добил резултатите од неговиот тест, тој го променил начинот на кој ги гледа производите за лична нега и материјалите за чистење на домот – два големи извори на хемиска изложеност во нашиот секојдневен живот.
Сепак има една замка, а тоа е дека да се направи една ваква анализа на можните загрижувачки хемикалии заедно со носењето на нараквицата чини поскапо – 995 долари. Компанијата се надева дека цената ќе се спушти со текот на времето.
Извор: treehugger.com