Уште од почетоците на интернетот, тинејџерите се меѓу најбројните негови корисници. Но, со годините, се измени една клучна карактеристика на користењето на светската дигитална мрежа – приватноста. Денеска, сите се членови на повеќе социјални мрежи, а идентитетот и приватноста повеќе не можат да се сокријат.
Со појавата на „паметните“ телефони, кој е главно средство за интернет-комуникација на тинејџерите, бројот на корисници на сите онлајн платформи стана огромен, а заедниците, од некогашните ограничени групи на истомисленици, станаа конгломерати составени од милиони корисници.
Зголемувањето на масовната комуникација на интернет со себе носи феномени и опасности со кои досега општеството се нема сретнато: крадење на идентитетот, изживување и малтретирање на интернет со сериозни последици, несразмерно и опасно отуѓување на младите од вистинскиот живот.
Овој инфографик ги претставува статистиките, кои покажуваат колку се небезбедни денешните тинејџери на интернет: