Вечерва, со почеток во 20 часот, во галеријата на Младинскиот културен центар се отвора самостојната изложба на илустраторот и дизајнер Иван Петрушевски-Флим, насловена „Heroes and Zeros“, која е дел од настанот за одбележување на 52-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје.
На изложбата, која одбележува десет години од активната дизајнерска работа на Флим, ќе бидат претставени 18 дела инспирирани од фиктивни карактери од филмови, видео игри, анимирани филмови кои преку поп културата се издигнати на ниво на култни икони.