Младинска организација позната по тоа што користи графити како средство за изразување се спои со владата во Мексико во проект со цел да го заживеат градот Палмитас, во дистриктот Пачука.
Под псевдонимот „Germen Crew“, групата обои 209 куќи, или вкупно 20 000 метри квадратни создавајќи огромен мурал со боите на виножитото. Според медиумите, ова постигнало позитивно влијание кај населението.
Во проектот биле вклучени 452 семејства, или 1800 граѓани. Целта на проектот е да се намали насилството меѓу младите.