Oперативниот систем Windows 10 од денеска е достапен во 190 земји во текот на следните дванаесет месеци, како бесплатна надградба за корисниците на претходните два оперативни система на Microsoft – Windows 7 и Windows 8.1, информираше компанијата, додавајќи дека преминувањето на најновиот оперативен систем ќе биде бесплатно.
Од компанијата, исто така, појаснија дека во следните неколку недели корисниците ќе можат да резервираат бесплатна копија од Windows 10. Најновата верзија може да се симне овде.
Неодамна извршниот потпретседател на Microsoft, Тери Мејерсон, изјави дека со пуштањето на овој оперативен систем компанија започнува со „претворање во реалност“ на концептот за персоналните компјутер, кој е базиран на „одговорен пристап во заштитата податоците и неприкосновеноста на личните информации“. Исто така, ќе претставува „континуитет на функциите на секој уред и максимално задоволство за корисниците во користењето на системот кој вклучува гласовна контрола, влез на допир, зачувување белешки, како и алатки за креирање холографски слики“.
Првично новата верзија на Windows ќе биде достапна за компјутери и таблети, а подоцна пред крајот на годинава ќе биде пуштена и верзијата Windows 10 за други преносни уреди.
Од Microsoft појаснуваат дека Windows 10 ќе биде заеднички ажуриран со пакетот Office 2016, до новите верзии за Word, Excel, PowerPoint, OneNote и Outlook. Неговата основна карактеристика е континуитетот во функционирањето и контролата преку допир на секој персонален компјутер или мобилен уред.
Компанијата очекува милијарда корисници да преминат кон Windows 10 во следните три години.
Во видеото, направено од компанијата, се преставени десет причини зошто треба корисниците да преминат на најновата верзија.